Од Девствените острови директно во Пробиштип

m-learnica-probistipФирма од Девствените острови сака да гради леарница во Пробиштип во која ќе се топат отпадно железо и челик. Леарницата ќе се гради на само два километри од отвореното јаловиште на рудникот за олово и цинк Злетово, каде што се депонирани 11 милиони кубни метри отровен кадмиум, молибден, бакар и злато.

Ова ги вознемири жителите на градот, кои преку социјалната мрежа Facebook формираа група „Не за челичарница во Пробиштип" , и почнаа да собираат потписи за петиција против изградбата на леарницата. Велат Пробиштип, нема да биде новиот Велес.

Како совесни граѓани се прашуваме во време кога целиот регион и граѓаните на нашата држава се борат за правото да дишат чист воздух, да пијат питка вода и незагадена почва нашата Општина се одлучува на ваков катастрофален чекор. Сите знаеме дека во нашата Општина има загадувач-и . Пробиштип уште во времето на бивша Југославија беше ставен на црна листа, како еден од најзагадените градови. Пробиштип има хемиска и радиолошка контаминација на почвата и водата . Направени се истражува-ња и резултатите се поразителни.Никако несмееме да го изоставиме и аерозагадувањето кое секако е присутно.За жал таква е вистината и моменталната состојба со загадувањето во Општина Пробиштип.

Ова го пишуваат пробиштипјани откако општината Пробиштип на својата интернет страница објави документ со наслов Известување со намера за спроведување на проект Леарница за челик и производство на челични производи во општина Пробиштип. Она што е спорно за граѓаните е што во капацитетот ќе се топи, отпаден челик, негово лиење и производство на челични производи, иако во документот со намери стои дека при тоа „ќе бидат употребени зелени технологии". Предвидено е годишно да се топи 100.000 тони отпадно железо и челик во две индуктивни печки. Ќе се употребуваат „индуктивни печки, наспроти конвенционалниот начин на топење со електролачни и купола печки".Според документот, примената на индуктивни печки за топење на отпаден челик подразбира создавање на помали количини и помали отпадни материи. Согласно изјавите на производителите, светската пракса и релевантната литература, топењето на железо и челик во индукциски печки резултира со ниско ниво на емисии во воздух во споредба со куполите и електролачните печки. Бидејќи јаглен или гориво не се согорува во индукциските печки, нивото на емисија исклучиво зависи од чистотата и составот на влезниот суровински материјал. Целиот производен процес ќе се одвива во затворена работна хала, при што процесите сами по себе претставуваат процеси од затворен тип што гарантира контрола на вкупното влијание врз животната средина.

Објектот ќе се гради во новата индустриска зона „Неокази", со намена за тешка индустрија, на површина од шест хектари. Првите куќи се наоѓаат на 1,5 километри воздушна линија од леарницата.

-Во Пробиштип прво треба да се направи проценка за санација на досегашните штети од загадувањето. Власта во Пробиштип да побара детално испитување за загадување на целиот регион хемиско , радиолошко и аерозагадување да се утврди статистички морталитетот и причината за смртност и секако староста, па потоа да размислуват за ново загадување - реагираат граѓаните. Тие стравуваат дека дури и радиоактивно железо би можело да се најде во печките на новата леарница.

Од Девствените острови директно во Пробиштип

Новата леарница сака да ја гради друштвото за производство, трговија и услуги Кранфилд Фаундри ДООЕЛ Скопје. Со капитал од 100.000 евра друштвото е формирано во април 2014 или четири месеци пред изработката на документот за намара за градење на леарницата. Сопствeник е фирма регистрирана во рајот за оф шор компании, Девствени острови. Седиштето на компанијата Кранфилд бизнис груп лимитед е улицата Тридент чамбер, на поштенски фах, каде има регистрирано повеќе други компании. Веројатно, седиште на адвокатска канцеларија, која работи на регистрација на фирми. Интересно е дека адресата на странската компанија Роанд таун тортола, стои и во тековната состојба на Метрудхем, фирма која сакаше да ја рестарира велешка Топилница. Велешките екологисти не успееја да докажат дека пробиштипјанецот Чедо Петров и Жанко Чадо, стојат зад Метрудхем. Петров успеа да го добие спорот против новинар за вакво тврдење изнесено на прес конференција.

Новата компанија Кранфилд Фаундри која сака да ја гради леарницата во Пробиштип е управувана од Сергеј Кручинин со адресата во Руската Федерација. Кручинин е со овластување управител - административен менаџер. Во документот со намера како лице за контакт е поставен Дариус Џуба, главен менаџер за операции. Кога ќе се пребара на интернет, може да се најде податок дека Кручинин и Џуба во исто време (2009-2010 година) се магистранти на Кранфилд универзитетот - училиште за менаџмент во Велика Британија. На мрежата Линкедин, на својот профил Џуба за себе напишал дека е специјалист за стратешки процеси во мултинационални организации. Неговиот сегашен работодавач Сергеј Кручинин, му дава препорака на Џуба, откако му помогнал да идентификува редица проблеми во неговата компанија. Пред доаѓањето во Макеоднија, Џуба работел во Лихтенштајн.
Сегеј Кручинин за себе напишал дека е специјализиран во маркетингот. Претходно работел во руската копманија за достава на продукти Уконос, како заменик шеф на маркетинг и регионален менаџер за административниот регион Москва.

Според ова, што во бизнисот со леарница бараат еден менаџер и еден маркетинг специјалист? Џуба во документот со намера ставил мејл од cranfield-bg.com, меѓутоа, кога ќе се пребара сајтот, се добива извествување дека е грешка.
Компанијата Кранфилд од Министерството за екологија побара и на 14-ти октомври 2014 год., добила решение за утврдување на потребата од оцена на влијанието врз животна средина на лаерницата.

Од Министерството објаснија дека ова значи зелено светло за изработка на студија, преку која ќе се видат последиците врз здравјето на луѓето и животната средина што ќе ги остава леарницата. Ова е клучен документ, на кој треба да работи некои од признатите ексерти од списокот на Министерството за животна средина. Потоа овој документ ќе биде јавно објавен во медиумите и на сајтот на Министерстството, по што ќе следи јавна расправа. По расправата, се вградуваат сите забелешки и коментари, по што Министерството одлучува дали ќе се гради објектот или не.
Ненад Коциќ, фронтменот на Зелената каолиција во Велес предупредува дека е можно влијание врз оној кој ќе је работи студијата, односно да не се земат комплетно во предвид реалните параметри.

-Наивно изработената еколошка студија за рестартирање на велешката Топилница нарачана од Метрудхем, го спаси Велес од ново загадување, рече Коциќ, кој се посомнева дека исти круг на луѓе во Македонија во различни делови на државата се обидуваат да инсталираат ваков капацитет.

Општината Пробиштип тргна во обезбедување на основните услови за новата технолошка зона во Ноекази. На последната седница на Советот, усвоена е одлука за изградба на водовод, канализација и пречистителна станица за отпадни води.

Градоначалникот Тони Тоневски потврди дека се преговора со неколку заинтересирани инвеститори меѓу кои и таа со леарницата. Демантираше дека ќе има топење на примарни метали, туку само лиење на некои легури, од кои се изработуваат делови за авомобилската индустрија.

„Инвеститорот има најсовремена опрема и не станува збор за загадување. Таква слична фабрика има во центарот на Брно, во Чешка. Јас како градоначалник ќе бидам прв којшто ќе се бори против загадувањето, односно ќе бидам против доколку оценам дека има какви било можности за дополнително загадување во општина Пробиштип, бидејќи за мене како градоначалник , верувам и за сите граѓани на општината Пробиштип, многу важен е економксиот развој, да се отворат нови работни места, меѓутоа, најважно од се е здравјето на луѓето и заштита на животната средина", изјави Тоневски.

Според него, засега се водат само преговори за локација и нема никаков официјален документ на кој би се повикале и би можеле точно да одговорат за што точно се работи.
Документот со намера за градење на леарницата со точна локација во зоната Неокази, е објавена на интернет страницата на општината Пробиштип, со која раководи Тоневски.

Градоначаникот уште додава дека се работи за „исклучително добар капацитет, кој ќе вработи 300 луѓе".

Консултиравме професори на Техонолошко - металуршкиот факултет во Скопје, кои велат дека не е спорна изградбата на леарница, но само доколку се гради по сите еколошки стандарди. Загадувањето, според нив, ќе зависи и од тоа што и како ќе се топи и по каква технологија.
И додека на повидок е нов капацитет од тешката инсутрија, старото јаловиште останува осма жешка еколошка точка во Македонија. Јаловишетото е во самиот град и до сега не се најде решение опасниот материјал што го содржи. Се најавуваа инвестори од Кина, Велика Британија и Германија. Нивниот ќар е во металите кои со собирањето од јаловиштето, потоа би се преработувале. Но, ден денешен, јаловишетото е широко езеро, кое на лето продуцира прашина што им ги пече очите на пробиштипјани, а во зима им ја труе водата.
Професорката Соња Липиткова, која потекнува од Пробиштип, најави тендер за избор на инвеститор за јаловиштето. 500 хектари обработливи површини не можат да се засадуваат поради поплавувањето со опасни материи од јаловиштето во седумдесетите години во минатиот век. Тоа го потврдува и студијата на јапонска Џајка во 2006-7, работена пред изградбата на хридросистемот Злетовица. „Земјоделските производи од над 500 хектари се сметаат за високоризични", се вели во студијата на Џајка.

„Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот "Подигнување на јавната свест против корупција преку истражувачко новинарство".)


АКТУЕЛНО ОД ИСТОК
Штип е град без лежечки полицајци
Штип е град со улици на кои нема сообраќајни помагала или забавувачи, познати како „лежечки полицајци". Законот ги предвидел, како и нивниот облик и големина, кои треба да зависат ...
► четврток, 14 септември 2017, 15:20
► Објавено пред 224 дена
Штипјанец тешко повреден при пад од кровот на семејната куќа
Работел на кровот на семејната куќа, изгубил рамнотежа и паднал на метална ограда во дворот. 57 годишен штипјанец се здобил со тешки телесни потврди - контузии и фрактура на чере...
► четврток, 14 септември 2017, 14:52
► Објавено пред 224 дена
„Гласно“ има веб платформа на која се пријавуваат прекршување на работ
Работниците на веб платформата на Здружението Гласно можат да пријавуваат прекршување на работничките права. Платформата во функција е веќе неколку дена,од Гласно истакнуваат дека ...
► четврток, 22 јуни 2017, 19:58
► Објавено пред 308 дена
ОСТАНАТИ ВЕСТИ ОД ИСТОК
► Објавено пред 308 дена
Четири до пет пациенти дневно се примаат на неврологија
Тешкото време си го зема данокот. Четири до пет пациенти со хипертензија и симптоми на мозочен удар дневно завршуваат на штипска неврологија.Само во јуни на ова одделение се хоспит...
► Објавено пред 308 дена
Од преработка на отпад ЈП Исар со добивка од 2 милиона денари
Фабриката за преработка на пластичен отпад на ЈП „Исар" е рентабилна во работењето, а оваа инвестиција е со цел и подигнување на свеста на граѓаните дека треба да се селектира отпа...
► Објавено пред 311 дена
Нема работници за работа на нива
Нема работници за работа на нива. И годинава стопанствениците во земјоделскиот сектор потешко можат да најдат сезонски работници. За нив контрадикторно е тоа што и покрај можност и...
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА
► Објавено пред 315 дена
Градот го уништи родот на земјоделците од светиниколско Кнежје
► Објавено пред 315 дена
Македонија е богата со палеолитски станици
► Објавено пред 315 дена
Поленот од липа ги наполни ординациите
► Објавено пред 315 дена
Наставниците ќе се заштитуваат од политичките влијанија

СПОРТ
Одиграни првите осминафинални натпревари од Фудбалскиот куп на Македон
Вчера се одиграа првите осминафинални натпревари во рамките на Фудбалскиот куп на Македонија. Екипата на Брегалница како домаќин загуби од тимот на прилепска Победа. ...
► четврток, 14 септември 2017, 15:34
► Објавено пред 224 дена
Турнирот во Табла ,,Џолев Компани,, ќе се одржи во Петок и сабота во
Населбата Баби и просториите во ОУ Славејко Арсов ќе бидат во епицентарот на таблаџиските возбудувања во текот на претстојниот викенд.   ...
► четврток, 22 јуни 2017, 20:05
► Објавено пред 308 дена
Меморијалниот турнир во пинг понг „Борче Кикиритков“ по петти пат во Ш
Пингпонгарски Штип, благодарејќи на извонредната досетливост на раководството на ППК Шампион ФА, уште еднаш, по петти пат, ќе не потсетат на животот и спортскиот пат на некогашнио...
► четврток, 15 јуни 2017, 18:34
► Објавено пред 315 дена
ОСТАНАТИ ВЕСТИ ОД СПОРТ
► Објавено пред 318 дена
Романецот Иван Гуидеа го освои боречкиот трофеј „Македонски Бисер“
Градот Штип беше домаќин, а боречкиот клуб Балканец успешен организатор на 41-вото издание на меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер". ...
► Објавено пред 318 дена
КМФ „Астибо“ од Штип, нов член на Првата футсал лига на Македонија
Успешно и триумфално заврши сезоната во Втората македонска фудбалска лига за екипата на Астибо од Штип. Тие постигнаа извонреден резултат и уште првата сезона од своето постоење ј...
► Објавено пред 321 дена
„Македонски бисер“ по трет пат во Штип
Над стотина борачи од Македонија, Унгарија, Англија, Романија, Молдавија, Бугарија, Белорусија, Албанија, Србија, Косово, Русија и Грција го потврдија учеството на најзначајната Ме...
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА
► Објавено пред 322 дена
Пионерите на ФА Постолов Пандев успешно ја крунисаа турнејата во Герма
► Објавено пред 323 дена
Традиционалната боречка манифестација „Македонски бисер“ ќе се одржи в
► Објавено пред 324 дена
Одбојкарските кадети на УГД Студент трети во Македонија
► Објавено пред 325 дена
ППК Шампион ФА од Штип е вицешампион на Македонија

МАКЕДОНИЈА
Џафери: Сечиј живот во Собранието на 27 април беше подеднакво важен
Животот на сите што беа во Соранието на 27 април минатата година беше подеднакво важен, но ако исходот на некој од лидерите беше смртен, ќе настанеше безредие и ќе избиеше граѓанск...
► четврток, 26 април 2018, 19:59
► Објавено пред еден час
Грабар Китаровиќ на средба со Џафери: Македонија има речиси двојно пов
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска на средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери изрази задоволство од високиот процент на жени пратеници во македон...
► четврток, 26 април 2018, 19:29
► Објавено пред 2 часа
Државата очекува 100 милиони евра прилив од осумте лиценцирани произво
Точно е дека мојот прв братучед Трајче Заев ја купи оранжеријата на фирмата „Мам“, потврди денеска пред пратениците премиерот Зоран Заев и информира дека вкупната инвестиција ќе до...
► четврток, 26 април 2018, 19:19
► Објавено пред 2 часа
ОСТАНАТИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА
► Објавено пред 2 часа
Загадување на реката Брегалница во штипскиот регион
Реката Брегалница е обоена во различни бои. Од колекторот во кои се испуштаат отпадни води од фирмите кои се наоѓаат во кругот на поранешниот Текстилен комбинат „Македонка“, околу ...
► Објавено пред 2 часа
Заев утре ќе се сретне со Туск
Тет-а-тет средба ќе остварат утре премиерот Зоран Заев и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој ќе престојува во земјава, како специјален гостин на состанокот на лидер...
► Објавено пред 3 часа
Премиерот потврди дека неговиот прв братучед ја купил оранжеријата на
Точно е дека мојот прв братучед Трајче Заев ја купи оранжеријата на фирмата „Мам“, потврди денеска пред пратениците премиерот Зоран Заев....
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА
► Објавено пред 3 часа
Во понеделник оглас за распределба на земјиште во „Џумајлија“
► Објавено пред 3 часа
Вкупно 736 лица целосно ослободени со амнестијата, 49 барање се отфрле
► Објавено пред 3 часа
НБРМ го усвои Годишниот извештај за 2017 година
► Објавено пред 3 часа
Заев: Од стечајната маса на „Стефани“ најпрво ќе бидат исплатени лозар

СВЕТ
Бил Козби прогласен за виновен за сексуален напад
Американскиот комичар Бил Козби е прогласен за виновен по три точки на обвинение за сексуален напад, од кои секоја предвидува по десет години затворска казна....
► четврток, 26 април 2018, 21:09
► Објавено пред 8 минути
Русија претстави наводни сведоци на нападите во Дума, Сирија
Во меѓународното седиште во Хаг на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) Русија организираше прес-конференција, на која присуствуваа околу 15 Сиријци, за кои се тврди...
► четврток, 26 април 2018, 21:09
► Објавено пред 8 минути
Сенатот го потврди изборот на Помпео за државен секретар на САД
Сенатот на САД го потврди изборот на досегашниот директор на ЦИА Мајк Помпео за нов државен секретар на земјата. ...
► четврток, 26 април 2018, 20:19
► Објавено пред 58 минути
ОСТАНАТИ ВЕСТИ ОД СВЕТ
► Објавено пред 2 часа
Туск: Да се реши застојот во изборната реформа во БиХ
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, по состанокот со членовите на Претседателството на БиХ изјави дека Европската унија е подготвена да и помогне на Босна и Херцеговина...
► Објавено пред 2 часа
Амбасадорот на Израел тврди дека Иран обучува борци во база близу Дама
Амбасадорот на Израел во ОН, Дени Денон денеска го обвини Иран дека регрутирал најмалку 80.000 шиитски борци кои ги обучува во база близу Дамаск. ...
► Објавено пред 2 часа
Туск побара Косово да ги подобри односите со Србија
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го повика Косово да ги подобри односите со Србија за да постигне напредок кон долгорочната цел за членство во Европската унија....
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА
► Објавено пред 3 часа
МИА факти-фајл: Временски распоред на настаните кои доведоа до панкоре
► Објавено пред 2 часа
Трамп во посета на Велика Британија на 13 јули
► Објавено пред 3 часа
Седумдесет земји ветија нови мерки против финансирање на тероризмот
► Објавено пред 4 часа
За влез во Шенген од Балканот ќе биде потребна дозвола и такса од седу

СПОРТ
Рамос за Иниеста: Да се викаше „Андресињо“ ќе ја освоеше двапати „Злат
Шпанскиот репрезентативец Серхио Рамос го прокоментира фактот дека Андрес Иниеста никогаш не ја освои „Златната топка“. ...
► четврток, 26 април 2018, 19:00
► Објавено пред 2 часа
Довициозо го отфрлил предлогот на Дукати за нов договор
Лидерот во МотоГП и претендент за титулата во 2018-та година, Андреа Довициозо ја отфрлил првата понуда за нов договор од тимот на Дукати, открива „АутоСпорт“. Италијанецот е пилот...
► четврток, 26 април 2018, 19:00
► Објавено пред 2 часа
Луис Енрике е поблиску до Челзи, отколку до Арсенал
Луис Енрике ќе објави во кој клуб ќе работи во следните денови, а во моментот изгледа поблиску до Челзи, отколку до Арсенал, соопштува шпански „Спорт“. ...
► четврток, 26 април 2018, 18:30
► Објавено пред 3 часа
ОСТАНАТИ ВЕСТИ ОД СПОРТ
► Објавено пред 3 часа
Рикардо демантираше дека има договор со Ферари
Пилотот на Ред Бул, Даниел Рикардо ги негираше извештаите дека има прелиминарен договор со Ферари. ...
► Објавено пред 3 часа
Фереро: Само Ѓоковиќ можеше со Надал на земја
Поранешниот светски рекет бр.1, Хуан Карлос Фереро смета дека неговиот сонародник Рафаел Надал ќе ги освои сите турнири на земја, на кои ќе се натпреварува оваа сезона....
► Објавено пред 4 часа
Челзи заинтересиран за Хисај и Кулибали, Наполи бара 110 милиони фунти
Раководството на Челзи ќе се обиде да привлече двајца дефанзивци на Наполи во летниот трансфер период, објавија медиуми во Англија и Италија. Станува збор за Елсеид Хисај и Калиду ...
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА
► Објавено пред 4 часа
ШФС: Ибрахимовиќ не се враќа во репрезентацијата
► Објавено пред 5 часа
Таткото на Шумахер има пристап до неговите 800 милиони евра
► Објавено пред 5 часа
Розберг го избришал Фејсбук профилот за да ја освои титулата во Ф1
► Објавено пред 5 часа
Луис ван Гал: Добив предлог кој не можам да го одбијам

ЗАНИМЛИВОСТИ
(Видео) Јапонските аеродроми имаат специфичен однос кон багажот на пат
Доколку некогаш планирате да патувате во Јапонија, би можел да ве изненади начинот на кој персоналот на тамошните аеродроми постапува со багажот на патниците. Имено, на една снимка...
► среда, 04 април 2018, 12:40
► Објавено пред 22 дена
Американка го повикала поранешното момче на велигденска вечера и го за
Велигденската вечера се претворила во вистински пекол за еден човек од американскиот град Алтамонте Спрингс кого поранешната девојка го запалила и го оставила да изгори. Како што п...
► среда, 04 април 2018, 11:52
► Објавено пред 22 дена
„Фејсбук“ ќе ги разоткрива пријателите што споделуваат лажни вести
Борбата против лажните вести ќе се води и на „Фејсбук“. Компанијата најави подобрена верзија на апликацијата која на корисниците ќе им овозможи да дознаат повеќе за вестите што нек...
► среда, 04 април 2018, 11:40
► Објавено пред 22 дена
ОСТАНАТИ ВЕСТИ ОД ЗАНИМЛИВОСТИ
► Објавено пред 23 дена
Германец си ги заборавил ќерките на бензинска, поминал 170 километри и
Германски државјанин на автопат во Баварија си ги заборавил своите две ќерки, пишуваат германските медиуми. Како што се наведува, тој со девојчињата патувал кон езерото Гарда по по...
► Објавено пред 23 дена
(Видео) Полјак седнал во својата „пегла“ и тргнал на патување долго 22
Полјакот Аркадиј Фидлер е еден од многуте вљубеници во култниот за неговата земја автомобил „фиат 126p“, на овие простори познат како „пегла“. Во 2016 година со ваков автомобил тој...
► Објавено пред 23 дена
По 24 години потрага, кинеско семејство ја пронајде изгубената ќерка
По 24-годишна потрага по ќерката, Ванг Мингкинг повторно ја прегрна својата ќерка. Во неуморната потрага на Ванг, тој стана и таксист во градот Ченгду, со надеж дека еден ден може ...
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА
► Објавено пред 23 дена
(Видео) Слонови трчале по автопат во Шпанија, еден настрадал
► Објавено пред 24 дена
Лос Анџелес доби невообичаен музеј – за селфи
► Објавено пред 24 дена
Авиокомпанија нема да дозволува дебели луѓе да патуваат во бизнис-клас
► Објавено пред 24 дена
Во пакуваната вода има високи нивоа на честички пластика, тврдат научн
 
 
Кликнете за повеќе информации за брза пошта „Курир плус“


ЦРНА ХРОНИКА
„Пајакот“ за еден ден улови 54 возила во Скопје
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 22 сообраќајни незгоди, од кои четири со тешки телесни повреди, осум со телесни повреди и...
среда, 04 април 2018, 11:15
Објавено пред 22 дена
Норвешки државјанин пронајден мртов во стан во Битола
Норвешки државјанин бил пронајден мртов во стан во Битола. Според полицијата, вчера во 22 часот во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека на улицата Тодор Скаловск...
среда, 04 април 2018, 11:05
Објавено пред 22 дена
Осумдесет и двегодишна битолчанка пронајдена мртва во својот дом
Осумдесет и двегодишна битолчанка е пронајдена мртва во својот дом. Според полицијата, вчера во 20.20 часот во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека на улицата Па...
среда, 04 април 2018, 10:48
Објавено пред 22 дена
Еден повреден при судир на два автомобила и камион
Едно лице е повредено при судир на два автомобила и камион што се случил вчера во 17 часот во Скопје. Според полицијата, на улицата Васил Чакаларов се случила сообраќајна незгода м...
среда, 04 април 2018, 10:45
Објавено пред 22 дена
Двајца пешаци повредени во сообраќајни несреќи во Скопје
Двајца пешаци вчера биле повредени во сообраќајни несреќи во Скопје. Според МВР, првата несреќа се случила околу 9.20 часот на булеварот Александар Македонски кога „сеат алтеа“ со ...
среда, 04 април 2018, 10:31
Објавено пред 22 дена

СЛУЧАЕН ТВИТ
И возот за Аушвиц беше бесплатен.

@Srbak

ОДБРАНА МИСЛА
Наместо да ја делат правдата, тие го поделија судството.