Ирис телевизија, Штип

  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size
Дома ВЕСТИ Локален спорт Половичен успех на младинците на ФК Брегалница во Квалитетните лиги на Македонија
 

Половичен успех на младинците на ФК Брегалница во Квалитетните лиги на Македонија

Е-пошта Печати PDF

m-pioneriВо натпреварите од 7-мото коло во рамки на Квалитетните лиги на Македонија, успех со половичен резултат остварија фудбалските погони на Брегалница. Единствена победа остварија помладите пионери, предводени од тренерот Мики Маџунаров, кои во Штип ја победија екипата на Македонија ЃП со резултат 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Јованов.

Пионерите на Брегалница, предводени од тренерот Димитар Маџунаров, исто така во Штип одиграа нерешено 1:1 со Македонија ЃП, а стрелец на голот беше Штерјов.

Кадетите на Брегалница, предводени од тренерот Драган Христовски, во Скопје загубија од Македонија ЃП со резултат 4:2, а стрелци на головите беа Митров и Филиповски.

Младинците на Брегалница, предводени од тренерот Влатко Давитков, исто така во Скопје загубија од Македонија ЃП со резултат 2:0.

Во следното 8-мо коло од квалитетните лиги на Македонија, фудбалските погони на Брегалница ќе се сретнат со соодветните селекции на екипата на Вардар од Скопје.

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
*** Коментарите се објавуваат со задоцнување од неколку минути. Ве молиме не го пишувајте истиот коментар повеќе пати.
Правила за коментирање!
Прочитајте ги тука!


Барај

Aктивности - Штип