Како да гледате видео стримови во живо на Андроид телефон

mobilni-androidМобилните телефони со инсталиран Андроид оперативен систем, фабрички не доаѓаат со поддршка за гледање на стримови во живо. За да можете да гледате стримови во живо, мора да инсталирате апликација, која ќе ви го овозможи тоа.

На Google Play Store постојат повеќе апликации за оваа намена. Според нашите тестирања најдобра е Wondershare Player. Побарајте ја и инсталирајте ја на вашиот телефон, а потоа вратете се на нашата веб страничка и пробајте да го стартувате стримот.

Еве линк од апликацијата Wondershare Player, кој ќе ве однесе на Google Play Store:

Апликацијата ќе ви овозможи да ги гледате сите стримови во живо на кои ќе наидете на Интернет. Други апликации кои ќе ви ја додадат оваа опција во вашиот андроид телефон: MX Player, vPlayer, yxPlayer... Побарајте ги на Google Play Store и инсталирајте една од нив доколку не ви се допаѓа нашиот предлог.